×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Како да се сака

Како да се сака

Ошо


Издавач: ТРИ
Година на издавање: /
Автор: Ошо
ISBN: 9786082304106
Жанр: Езотерија
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ Ист Гејт Достапно
Книжарница ТРИ Дебар Маало Нема на залиха
Книжарница ТРИ Веро Центар Достапно
Книжарница ТРИ ГТЦ Достапно
380 ден.

Што е љубовта?

Во своето длабоко, провокативно дело, Ошо – еден од најреволуционерните мислители на своето време – ги предизвикува традиционалните сфаќања и ни ја отвора можноста за една природна љубов, ослободена од посесивност и љубомора. Со својата карактеристична мудрост, благиот хумор и разбирањето, Ошо нè поттикнува да му се спротивставиме на магичниот круг на нездрави врски што го создаваме учејќи од другите и одново да го откриеме значењето на љубовта во себе.

Одговарајќи на најчестите прашања, Ошо ги споделува своите нови начини за сакање кои ќе нè научат да го победиме стравот од самотија, да се ослободиме од очекувања, правила и барања, да сакаме без зависност, да го победиме своето его за да ѝ се предадеме целосно на љубовта, да бидеме целосно присутни во врската, да станеме животен сопатник крај кој другиот ќе продолжи да се развива, да го одржуваме пламенот на љубовта.

Како да се сака нè инспирира одново да ѝ ги отвориме вратите на љубовта и да ја доживееме радоста на споделувањето.