×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Оскар и дамата во розово

Оскар и дамата во розово

Ерик-Емануел Шмит


Издавач: ТРИ
Година на издавање: /
Автор: Ерик-Емануел Шмит
ISBN: 9786082307725
Жанр: Езотерија
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ Ист Гејт Достапно
Книжарница ТРИ ГТЦ Достапно
Книжарница ТРИ Дебар Маало Достапно
Книжарница ТРИ Подвижна Нема на залиха
Книжарница ТРИ Веро Центар Достапно
199 ден.

Секој ден гледај го светот како да го гледаш првпат.

Зашто тој може да биде последниот во твојот живот. За малиот Оскар, болен од рак, секој ден може да биде предодредениот ден за крај. Иако никој отворено не сака да му каже, а особено не неговите родители, тој сепак знае дека умира.

Мами Роз, најстарата од „дамите во розово“ кои се грижат за децата во болницата, му ја подарува смислата на последните денови од животот. Предлагајќи му да си играат дека секој ден се всушност десет години, Оскар на крајот на денот му пишува по едно писмо на Господ. Од првото со неверување дека може да постои, па сè до последното писмо, кога е свесен дека заминува кај него, ќе се променат многу нешта. Оскар за неколку дена ќе ги изживее и младоста и староста на својот живот – и љубов и разочарување, и соочување со суровата реалност и искрено признание, и лутина и прошка...

Со третата приказна од циклусот „Невидливиот“ Шмит му се обраќа на секој човек преку христијанството, нудејќи надеж и смисла дури и тогаш кога се чини дека не постојат. Безвременска книга која нѐ учи дека единствениот начин да го живееме правилно животот е да му приоѓаме како да ни е прв и последен ден во него.

Ерик-Емануел Шмит

Ерик-Емануел Шмит

Види повеќе