×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Обични и необични приказни

Обични и необични приказни

Ѓорѓи Крстевски


Издавач: Темплум
Година на издавање: /
Автор: Ѓорѓи Крстевски
ISBN: 15248
Жанр: Домашни автори
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ Дебар Маало Достапно
Книжарница ТРИ ГТЦ Нема на залиха
Книжарница ТРИ Веро Центар Нема на залиха
Книжарница ТРИ Ист Гејт Достапно
250 ден.

„Обични и необични раскази“ е првата самостојна збирка раскази на Ѓорѓи Крстевски. Речиси целата книга е посветена на во последно време сè попопуларната форма – кус кус расказ. Во 66 куси куси раскази главна улога игра приказната, комбинирањето на нејзините елементи, создавањето напнатост меѓу ликовите, усложнувањето на заплетот и необичниот и често фантастичен расплет. Суптилно комбинирајќи ги раскажувачките придобивки на мајсторите на оваа форма, Крстевски создава текстови во кои одмерено се мешаат апсурдот и лиричноста, поетското и неискажливото во секојдневието.

Во расказите секогаш постои еден вид напнатост меѓу реалноста и обидот да се надминат нејзините ограничувања. Нараторот како посветен набљудувач го перципира светот околу себе, за од него да ги извади малите, делумно невидливи нерегуларности и апартности и од нив да ги создаде своите прози. Книгата е мошне компактна и во неа пулсира специфичен, затворен свет со свои правила и законитости.

Ѓорѓи Крстевски

Ѓорѓи Крстевски

Види повеќе