×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Умрен Човек

Умрен Човек

Игор Џамбазов


Издавач: ТРИ
Година на издавање: /
Автор: Игор Џамбазов
ISBN: 9786082304236
Жанр: Домашни автори
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ Ист Гејт Нема на залиха
Книжарница ТРИ Веро Центар Нема на залиха
Книжарница ТРИ ГТЦ Достапно
Книжарница ТРИ Дебар Маало Нема на залиха
400 ден.

Пак јас...

Прости ми, пријателе мој, посилно е од мене... Ти ветив дека повеќе нема да пишувам за себе, ама што маж сум јас ако си го одржам ветувањето? Имаат ли крај овие мои климактерични его-трипови? И имало ли во моите мозочни „фајлови“ уште нераскажани приказни?

Е па... имало, пријателе.

Ќе умрам ако не ти ги раскажам. Или откако ќе ти ги раскажам. Ете така, просто морам да ти ги раскажам.

Како старецот во приказните кој претчувствува дека му доаѓа крајот, па ги собира околу смртната постела своите тројца синови, за да им каже нешто што дотогаш им го немал кажано. Нешто многу вредно. Некоја тајна што тие не ја знаеле. Или... едноставно да им подари некоја стара мудрост, онака за крај.

Ете, така и јас. Не оти ќе се умира набргу. Вакви говеда како мене живеат за инает. И не оти тврдам дека во моите приказни има некоја мудрост. А и да има, ќе мораш сам да ја откриеш, пријателе мој. Ако сакаш.

Или пак, едноставно, препушти им се на приказните...

 

 

Игор Џамбазов

Игор Џамбазов

Види повеќе