×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Пинк Флојд

Пинк Флојд

Марк Блејк


Издавач: Конгресен Сервисен Центар
Година на издавање: /
Автор: Марк Блејк
ISBN: 9786084850632
Жанр: Биографии и мемоари
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ Дебар Маало Достапно
Книжарница ТРИ Ист Гејт Достапно
Книжарница ТРИ ГТЦ Нема на залиха
Книжарница ТРИ Веро Центар Нема на залиха
800 ден.

Кога Кога свињите ќе полетаат е првата комплетна биографија за групата Пинк Флојд. Ова проширено издание на историјата на еден од најголемите рок-бендови на сите времиња е резултат на разговорите што авторот Марк Блејк ги водел со Дејвид Гилмор, Роџер Вотерс, Ричард Рајт и Ник Мејсон и интервјуата со други поранешни членови на бендот, продуценти, соученици, девојки, сценски техничари, цимери, менаџери, пријатели, непријатели и голем број други луѓе што имале увид во животот на членовите на групата и во нивната работа.

Комбинирајќи ги мислењата и сеќавањата на очевидците, оваа книга ја следи приказната на групата од нејзините корени во Кембриџ до нејзиниот глобален успех со „Dark Side of the Moon“ и нејзиниот горчлив распад во 80-тите години од минатиот век, од нивниот историски собир на Лајв 8 до смртта на основачот Сид Барет во 2006 година и сè што следувало потоа.

Прецизна, возбудлива и амбициозна како и секој нивни албум, Кога свињите ќе полетаат е прогласена за најкомплетна биографија на Пинк Флојд.

Марк Блејк

Марк Блејк

Види повеќе