×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Трофеј

Трофеј

Весна Петрушевска


Издавач: ТРИ
Година на издавање: /
Автор: Весна Петрушевска
ISBN: 9786082304724
Жанр: Биографии и мемоари
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ Веро Центар Нема на залиха
Книжарница ТРИ ГТЦ Достапно
Книжарница ТРИ Дебар Маало Достапно
Книжарница ТРИ Ист Гејт Достапно
Книжарница ТРИ Подвижна Нема на залиха
299 ден.

Животот не е игра не е театарска претстава. Нема генерална проба нема реприза. Понекогаш знае да биде и тажен кошмарен сон од кој тешко се будиме не можејќи да ги препознаеме знаците за излез од лавиринтот. Но големите борци секогаш успеваат да откорнат од себе уште едно парче надеж и верба во него. Благодарение на таа верба на љубовта и поддршката од пријателите тие продолжуваат понатаму храбро преземајќи ја главната ролја во својата животна приказна.

Весна на сцената ни пренела низа приказни од безброј драмски автори допирајќи го дното и досегнувајќи го возвишеното, а сега ни ја раскажува и сопствената приказна. Во неа ќе ја видиме како машкуданесто девојче, како актерка по вокација која не ги споменува наградите и никогаш нема да се пензионира, ТВ-водителка, стендап комичарка, ќерка и сестра, дваесет и четиричасовна мајка и пријателка, домаќинка... Но пред сè, како човек со големо срце. Искрено и од дното на душата, таа го распостила пред нас својот живот исткаен од спомени и надежи, солзи и радости, падови и подеми. Без разубавувања и задршки, без цензура.

Весна Петрушевска

Весна Петрушевска

Види повеќе