×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Парадоксален сон

Парадоксален сон

Митко Маџунков


Издавач: ТРИ
Година на издавање: /
Автор: Митко Маџунков
ISBN: 9786082304649
Жанр: Домашни автори
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ ГТЦ Достапно
Книжарница ТРИ Веро Центар Достапно
Книжарница ТРИ Подвижна Нема на залиха
Книжарница ТРИ Ист Гејт Достапно
Книжарница ТРИ Дебар Маало Достапно
200 ден.

Митко Маџунков е прозаист со систем, со една своја прозна митологија, во која истовремено, на истото јазично-симболичко рамниште, суштествуваат реалиите од објективната стварност и рефлексиите од ноќната, ониричката страна на човековиот (писателовиот) живот, во која – натаму – наизменично се менуваат или проникнуваат симболот и алегоријата, реалниот податок и одблесокот на фантастичниот поттекст, парадоксот и еден естетски благотворен сигнал на параболата… Неговите трошки се, небаре, животни честички, исфантазирани и алегоризирани микроуниверзуми, во кои со една лирска рафинираност на исказот поетички се посредува меѓу интелектуалната и ониричката симболика, тука и таму и со ироничните рефлексии како вид катализатори, со кои се интензивира едно, по превасходство, модерно ефектуирање на прозниот дискурс… тоа се живи клетки од кои настануваат посложени прозни организми; некои се записи со автохтона структура, идејно и стилски завршени, речиси скулптурирани од една мисла, мечта и збор; некои се песни во проза, со право и на поинаков графички изглед; некои се новелети, со навестена фабула и силуетирани ликови. А сите тие текстови, всушност, се исечоци од еден долг сон чии испрекинатости ја симболизираат испрекинатоста на човечката егзистенцијална патека, некохерентноста на човековиот живот полн со загрозености, загуби, чудесии, смрти и почетоци. Има едно карактеристично прашање, поставено од М. Маџунков во фрагментот „Леб“: „Може ли од трошките што паднале под софрата пак да се создаде лебот?“ Може и не може, во зависност од творечката моќ на оној што создава! Примерот на Маџунков е очигледно многу поучен: еден уметник на сонувањето, еден алхемичар на зборот, каков што е тој, може и од трошките да создава, бидејќи ја познава не само магијата на создавањето ами и анатомијата на лебот. Миодраг Друговац

Митко Маџунков

Митко Маџунков

Види повеќе