×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Книга за гробиштата

Книга за гробиштата


Издавач: Паблишер
Година на издавање: /
Автор: Нил Гeјман
ISBN: 9786084569909
Жанр: 11 – 13
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ Веро Центар Достапно
Книжарница ТРИ Ист Гејт Достапно
Книжарница ТРИ Дебар Маало Достапно
Книжарница ТРИ ГТЦ Достапно
Книжарница ТРИ Подвижна Нема на залиха
400 ден.

Малиот Ник Овенс одеднаш ќе остане сам на светот по бруталното убиство на неговите родители. Напуштен од сите ќе најде засолниште и љубов на најневообичаеното место – едни стари градски гробишта каде што ќе го одгледаат духовите на луѓето кои се закопани тука. Стоејќи на границата меѓу животот и смртта Ник ќе порасне во необичен младич кој конечно ќе ја открие вистината за себе дури откако ќе научи дека само љубовта ги надминува границите на смртта.

Нил Гејман е супер ѕвезда во светот на книжевноста токму поради храброста да допре необични теми, да си игра со жанровите и сето тоа да го пренесе до читателот на едноставен  и разбирлив начин. Во „Книга за гробиштата“ Гејман прави необичен спој од хорор, трилер и семејна приказна за растењето и созревањето на еден млад човек, раскажана со многу топлина, љубов и хуманост.

„’Книга за гробиштата‘ е книга во која се собрани сите елементи во кои Гејман е најдобар: силна приказна, незаборавни ликови, мистерија, хорор, митови и само мала, но неизбежна, алузија на супер херои и вампири.“ Њујорк тајмс