×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Акција
Желбата на ежот

Желбата на ежот

Тон Телеген


Издавач: ТРИ
Година на издавање: /
Автор: Тон Телеген
ISBN: 9786082307909
Жанр: 11 – 13
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ ГТЦ Достапно
Книжарница ТРИ Веро Центар Нема на залиха
Книжарница ТРИ Ист Гејт Достапно
Книжарница ТРИ Дебар Маало Нема на залиха
199 ден. 280 ден.

Заштедувате 81 ден.

Кога сме заедно, ние го имаме најдоброто време на светот. Тогаш сме безвременски.

Колебливото еже живее осамено во својата куќичка во шумата. Никој не му оди на гости, а тоа никако не може да се реши да ги покани. Долго ја смислува поканата, но дали воопшто треба да ја прати? Што ако му дојдат сите заедно, ќе има ли чај и торта за сите? И дали сите јадат иста торта? А што ако се исплашат од неговите боцки?...

Ежето со денови ги замислува сите посети на животните од шумата, од морето и пустината. Можеби ќе немаат за што да разговараат? Можеби дабарот, носорогот или мечката ќе му ја растурат куќата? Јастогот може да му ги извади боцките со своите клешти, осата може да го боцне. Слонот ќе му ја скрши масата, а китот ќе му ја поплави куќата. А песната на славејот, пак, многу ќе го растажи...

За тоа време, желката и полжавот упорно патуваат кон неговата куќичка и си замислуваат како ќе се забавуваат. Дали ќе успеат да стигнат кај ежето пред да заврне првиот снег?

Чудесна приказна за пријателството, за прифаќањето на разликите и потребата да живееме заедно, во љубов и разбирање.

Тон Телеген

Тон Телеген

Види повеќе

Можеби ќе ве интересира