×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Мочурливци

Мочурливци

Барбара Симонити


Издавач: ТРИ
Година на издавање: /
Автор: Барбара Симонити
ISBN: 9786082306872
Жанр: Магични приказни
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ Дебар Маало Достапно
Книжарница ТРИ Ист Гејт Достапно
Книжарница ТРИ Веро Центар Достапно
Книжарница ТРИ ГТЦ Достапно
Книжарница ТРИ Подвижна Нема на залиха
900 ден.

Дали шетајќи низ Зелената Корија ја забележавте таблата на која пишува Мочурлива Пониква?

Тргнете по влажната трева покрај бавниот поток скриен меѓу огромните дрвја, обрабен со грмушки здравец, купчиња копјеста мочурлива трева и сочен мов, и ќе навлезете во еден сосем нов, восхитувачки, богат и радосен свет. Зашто ова не е обично тињосано мочуриште! Оваа Пониква има свои жители: дождовници, жаби, тритони, гуштери, стоногалки, пајаци плетачи, штурци свирачи, мрави... А тие си имаат градоначалник, детска градинка и училиште, амбуланта, поштар, весник, работилница за мебел, пералница, убаво снабдена продавница, гостилница со вкусни јадења „Кај зелената жаба“... Организираат забави и свечености, натпревари во пуштање лотки по потокот, варат мармалади и компоти од глогови јаболка, си помагаат во уредувањето на своите зелени домови...

Но еден ден, нивниот спокоен соживот е нарушен од многу чуден настан – исчезнува Мочуриштето со добрејка! Какво е тоа чудовиште што можело да испие цело мочуриште?!

Барбара Симонити

Барбара Симонити

Види повеќе