×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Скитникот и синовите

Скитникот и синовите

Александар Секулов


Издавач: ТРИ
Година на издавање: /
Автор: Александар Секулов
ISBN: 9786082306759
Жанр: Магични приказни
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ Ист Гејт Достапно
Книжарница ТРИ ГТЦ Достапно
Книжарница ТРИ Дебар Маало Достапно
Книжарница ТРИ Веро Центар Достапно
300 ден.

Висок, зеленоок, со долга сребреникава коса, капетан Јосиф има среќна насмевка на човек кој знае дека Бог му дал сè што посакал: него самиот. Под надуваните едра на јахтата Барболета, со темнозелен труп и сина палуба, исправен пред заканата од пиратскиот брод, тој ја прифаќа тажната вистина дека животот ќе му помине во празнотија и осаменост.

Ако има нешто во што не умее да се снајде ни на копно ни по море, тоа е комуникацијата со деца. А токму со нив ќе се соочи на сопствениот брод! Неговите најдобри пријатели му ги оставаат синовите за време на летниот распуст – на двонеделен почетнички курс за управување на бродови. Вечно гладниот Димитрис со својот лабрадор Мајло, вљубениот Николас со нос забоден во телефонот, Алекс постојано расположен за кавга, неговиот сопствен син Коста што не го видел со години, а на крајот и Лиља, капетановата ќерка од пиратскиот брод... Ќе успее ли да се снајде со нив и да ги научи како да се спасат од неочекуваната опасност со која се соочуваат? Или тие него ќе го научат на најважните животни вистини од кои тој долго време бега?

Ова е книга за светлината. И за храброста на човекот да ја пушти светлината во себе.

Александар Секулов

Александар Секулов

Види повеќе