×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Живот без сведоци

Живот без сведоци

Наташа Сарџоска


Издавач: ТРИ
Година на издавање: /
Автор: Наташа Сарџоска
ISBN: 9786082309446
Жанр: Домашни автори
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ Веро Центар Достапно
Книжарница ТРИ Ист Гејт Достапно
Книжарница ТРИ ГТЦ Достапно
Книжарница ТРИ Дебар Маало Достапно
Книжарница ТРИ Подвижна Нема на залиха
300 ден.

Човек што не го почитува животот, брзо старее. Човек што го сака животот е секогаш млад.

Во едно безимено градско предградие, во една напуштена куќа-засолниште, случајно се среќаваат Карла и Кристофер, двајца бегалци од животот. Соединувајќи се во својот личен прогон во една безмилосна, страсна игра на посакување и поседување, во кошмар од мачни исповеди и искупувања, но и себеистражувања со копнеж по суштинска преобразба, прежививајќи ги слепите точки на своето невидливо постоење, доаѓаат до екстремни состојби кои ги доведуваат во прашање догмите што им биле наметнати. Во тој живот без сведоци, среде заемното заложништво и соочувањето со старите демони, одново ќе избие порокот и ќе им донесе предавство.

Тој чин го менува животот на двајцата урбани маченици на отуѓениот потрошувачки свет. Но само едниот од нив ќе се спаси, ќе ја осознае смислата на својот живот и ќе се ослободи од јазлите на примордијалното минато и од стапицата на безживотните нагони. Затоа што сфаќа дека умира само она што е лишено од љубов, дека љубовта е посилна од животот, па дури и од смртта.

Кревок, срамежлив, ранлив, а истовремено страстен, бурен, возбудлив роман во кој главната нарација е испреплетена со тивката, подмолна, невидлива, неискажлива болка на човечкото постоење.

Венко Андоновски

Наташа Сарџоска

Наташа Сарџоска

Види повеќе