×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Нашето последно кафе

Нашето последно кафе

Коста Петров


Издавач: ТРИ
Година на издавање: /
Автор: Коста Петров
ISBN: 9786082302690
Жанр: Домашни автори
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ Веро Центар Достапно
Книжарница ТРИ Ист Гејт Достапно
Книжарница ТРИ ГТЦ Достапно
Книжарница ТРИ Подвижна Нема на залиха
Книжарница ТРИ Дебар Маало Достапно
199 ден.

Ова е книга за сите борци. Книга за луѓето кои не се откажуваат. Книга за луѓето кои ја гледаат светлината и во најтемните моменти на животот.

Од авторот на Се гледаме на врвот и Стравот, ни доаѓа уште една книга која ќе нè соочи со себе, со сопствените стравови, изговори, самонаметнати граници и откажувања, но и ќе ни покаже како да ги ослободиме своите потенцијали и да го достигнеме личниот максимум. 

Затекнат од загубата на многу блиска личност и соочен

со кршливоста на животот, Петров решава да напише книга-обраќање, како потсетување дека животот се живее, а не се случува. Оваа книга е силно освестување за да се разбудиме и да не го земаме животот здраво за готово, туку од него да направиме искуство вредно за живеење, приказна вредна за споделување, живот по наша мера. Споделувајќи ги своите животни искуства, иницијациски предизвици, мисли и размисли, авторот ни раскажува како да се соочиме со парализирачкиот страв и со предизвиците што ни ги сервира животот, како да се справиме со луѓето кои нè повредуваат... Како да не се откажуваме од своите соништа, да го најдеме мирот и да направиме подобра верзија од себе.

Правилото е едноставно. Ништо во нашите животи нема да се промени ако не се промениме себеси.

Коста Петров

Коста Петров

Види повеќе