×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Иднината на умот

Иднината на умот

Мичио Каку


Издавач: Арс ламина
Година на издавање: /
Автор: Мичио Каку
ISBN: 9786082675039
Жанр: Популарна наука
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ Ист Гејт Нема на залиха
Книжарница ТРИ Веро Центар Нема на залиха
Книжарница ТРИ ГТЦ Достапно
Книжарница ТРИ Дебар Маало Достапно
600 ден.

Во оваа книга, професор Каку на лесно разбирлив начин ни ги презентира досегашните сфаќања и откритија поврзани со човековиот ум и неговите ограничувања, но уште повеќе и неговите потенцијали. Во возбудлива низа од историски раскажувања и уверливи објаснувања, авторот нуди фасцинантна перспектива во разбирањето на мозокот, мислите, чувствата, стравовите и долгата низа несвесни пориви кои во голема мера ги формираат одлуките што ги носиме секојдневно. При тоа, професор Каку не уверува дека нашиот ум, и покрај тоа што не е целосно разбран, е секако разбирлив.

Мичио Каку е оптимист за иднината на човештвото. Воодушевено раскажува за најновите технички, експериментални и дијагностички постигнувања што нудат извонреден увид во неистражените пространства на човековиот ум. Истовремено, однапред се радува на откритијата што допрва не чекаат во блиската иднина – забележувајќи јасен историски тренд, професор Каку нуди уверлива визија за човештво во блиската иднина – човештво кое со помош на технологијата ќе стане уште похумано и уште подобро.

Мичио Каку

Мичио Каку

Види повеќе