×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Шепкачот

Шепкачот

Алекс Норт


Издавач: Сакам книги
Година на издавање: /
Автор: Алекс Норт
ISBN: 9786082600307
Жанр: Трилери
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ Дебар Маало Достапно
Книжарница ТРИ Ист Гејт Достапно
Книжарница ТРИ ГТЦ Нема на залиха
Книжарница ТРИ Веро Центар Нема на залиха
450 ден.

По ненадејната смрт на неговата млада жена, Том Кенеди смета дека она што може да им помогне нему и на неговото мало синче да си дојдат на себе е нов почеток. Нов град, нова куќа. Федербенк. Но градот што го одбираат има мрачно минато.
Пред дваесет години, во тој град, сериски убиец киднапирал и убил пет деца. Убиецот Френк Картер го добил прекарот „Шепкачот“ затоа што ги намамувал жртвите така што им шепотел под прозорците ноќе. И баш кога Том и Џејк се сместуваат во нивната нова куќа, повторно исчезнува мало дете. Неговото исчезнување страшно потсетува на случаите на Френк Картер, па иако тој е во затвор, почнуваат да се шират гласини дека е можно да има соучесник. Детективите Аманда Бек и Пит Вилис мора да го најдат момчето, па макар и по цена Пит да влезе во затворот за да се соочи со својот стар непријател: Шепкачот. И тогаш Џејк почнува да се однесува чудно.
Слуша шепотење под својот прозорец ноќе…

Алекс Норт

Алекс Норт

Види повеќе