×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Вагонот со сираци

Вагонот со сираци

Пам Џеноф


Издавач: Сакам книги
Година на издавање: /
Автор: Пам Џеноф
ISBN: 9786082060123
Жанр: Љубовни романи
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ Ист Гејт Достапно
Книжарница ТРИ ГТЦ Достапно
Книжарница ТРИ Дебар Маало Нема на залиха
Книжарница ТРИ Веро Центар Нема на залиха
450 ден.

Моќна приказна за пријателството, која се одвива во циркус кој патува низ Европа за време на Втора светска војна. Вагонот со сираци ни ги раскажува приказните на две исклучителни жени, приказни за жртвување и преживување по секоја цена.

Шеснаесетгодишната Ноа ја бркаат од дома откако останува трудна од германски војник и ја принудуваат да се откаже од бебето. Немајќи друг избор, таа живее во мала железничка станица, каде што работи како чистачка за да си го заслужи престојот. Кога Ноа наоѓа вагон со бебиња Еврејчиња товарени за патување до некој концентрационен логор, одеднаш се потсетува на детето што ѝ било одземено. Импулсивно грабнува едно од бебиња и бега во ноќта, и тој момент засекогаш ќе ѝ го промени текот на животот.

Ноа наоѓа засолниште во германски циркус, но мора да научи да изведува точки на летечки трапез за да се вклопи и да не биде забележана од непријателот, а со ова ѝ боде око на главната акробатка, Астрид. Ноа и Астрид најпрво се ривалки, но набрзо се зближуваат како сестри. Меѓутоа, војната е премногу опасна за сите во циркус кој крие Евреи, па Ноа и Астрид мора да решат дали нивното пријателство ќе биде доволно за да ги спаси – или тајните што горат помеѓу нив ќе уништат сè.

Пам Џеноф

Пам Џеноф

Види повеќе