×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Шагринска кожа

Шагринска кожа

Оноре Де Балзак


Издавач: Конгресен Сервисен Центар
Година на издавање: /
Автор: Оноре Де Балзак
ISBN: 9786084850076
Жанр: Лектирни изданија
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ ГТЦ Нема на залиха
Книжарница ТРИ Веро Центар Нема на залиха
Книжарница ТРИ Дебар Маало Достапно
Книжарница ТРИ Ист Гејт Достапно
350 ден.

Романот Шагринска кожа е еден од оние романи на Балзак во кој се потенцира таинственото, мистичното и фантастичното, и тоа му дава посебен белег. Токму затоа, самиот негов прозен дискурс во овој роман е флуиден, фразата и дескрипциите се сензуално обоени до максимум, езотеричноста на темата суптилно се прелева на нивото на јазикот и изразот. Деликатната игра на сетилата, несоницата и сонот стануваат доминантни во восприемањето на светот од страна на ликовите во овој роман. Вивисекцијата на општеството овде се врши на поинаков начин – низ играта на мистичното и реалното кои се испреплетуваат на специфичен начин....

Романот Шагринска кожа на Оноре де Балзак денес изгледа особено актуелно, читливо и провокативно. За тоа, секако, придонесува вештото проткајување меѓу реалното, мистичното и езотеричното, кои ги уриваат временските бариери и кои се перманентен предизвик за читателите. Во тоа е и „големата тајна за човечкиот живот“ за што зборува Балзак, тајна маестрално содржана во трите магични збора посебно изделени во овој роман, а тоа се: „да се сака“, „да се може“ и „да се знае“

Оноре Де Балзак

Оноре Де Балзак

Види повеќе