×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Мостот на Дрина

Мостот на Дрина

Иво Андриќ


Издавач: Антолог-Боокс ДООЕЛ
Година на издавање: /
Автор: Иво Андриќ
ISBN: 9786082436517
Жанр: Романи
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ Дебар Маало Достапно
550 ден.

Со ова дело во светската литература монументално се воспева мостот во Вишеград како многуслојна врска помеѓу вековите и помеѓу Ориентот и Западот.

Користејќи го овој објект како симбол за вкрстувањето на различните култури и цивилизации, Андриќ ја раскажува приказната за подемите и падовите на империите и за драматичните историски промени и пресврти во босанското општество од крајот на XVI век до почетокот на Првата светска војна, но претставува и редица впечатливи ликови кои се појавуваат и исчезнуваат во лавиринтите на минатото.

Мостот им одолева на виорите на историјата, а со својата величественост и со осамената убавина се воздигнува не само над градот, туку и над времето. Токму тој е главниот лик на овој роман – истовремено и сведок на мноштво засебни човечки трагедии и постојан и неуморен набљудувач на сменувањето на крупни епохи и општествени парадигми. Мостот на некој начин претставува спротивност на човечките судбини кои се минливи во однос на камената градба, која опстојува и покрај сите неприлики.

„Мостот на Дрина“ е еден од најголемите книжевни споменици за животот на луѓето од балканските простори, а во чест на овој роман, со помош на режисерот Емир Кустурица, во 2012 година изграден е Андриќград кој се наоѓа на самото устие на реките Дрина и Рзав во Вишеград.

Иво Андриќ

Иво Андриќ

Види повеќе