×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Земјата на заборавените сказни

Земјата на заборавените сказни

Билјана С. Црвенковска


Издавач: ИД-КОНЦЕПТ КОНСАЛТИНГ И ДИЗАЈН (Чудна Шума)
Година на издавање: /
Автор: Билјана С. Црвенковска
ISBN: 9786084938569
Жанр: 8 – 10
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ Ист Гејт Достапно
Книжарница ТРИ ГТЦ Нема на залиха
600 ден.

„Земјата на заборавените сказни“ е хибрид помеѓу драмски текст и (графички) роман, помеѓу бајка и модерна фантастична приказна. Помалку потсетува на „Хрониките на Нарнија“, „Алиса во Земјата а чудата“ или, пак, „Волшебникот од ОЗ“, со една голема разлика – што се случува тука, во Македонија, во селото од каде што потекнуваат многу волшебни приказни – Бабино.

Што се случува откако Илина, Мартина и Мирон ќе отидат кај баба Јагода во Бабино, каде што нема интернет ниту пак мобилни телефони? Како тие ќе отпатуваат во Земјата на заборавените сказни и каква врска со сето тоа има Баба Јага? И како во оваа приказна се најдоа и самовилата Мирнанеседи и змејот Русе и Супер Марко и… Ех… нема потреба од повеќе прашања! Сето тоа ќе го откриете во оваа книга.

„Нит е јаве, нит е сон, меѓу нив има патишта разни, во Земјата на заборавените сказни!“

Билјана С. Црвенковска

Билјана С. Црвенковска

Види повеќе