×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Чернобилска молитва

Чернобилска молитва

Светлана Алексиевич


Издавач: Антолог-Боокс ДООЕЛ
Година на издавање: /
Автор: Светлана Алексиевич
ISBN: 9786082432274
Жанр: Романи
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ Дебар Маало Достапно
Книжарница ТРИ Ист Гејт Достапно
Книжарница ТРИ Веро Центар Нема на залиха
Книжарница ТРИ ГТЦ Достапно
350 ден.

Чернобилска молитва е чудесна и потресна книга за личните соочувања на луѓето погодени од најголемата нуклеарна катастрофа во историјата на човештвото. 16 април 1986 година, Чернобил. Сведоштво од кое се ежи кожата. Каталог на трауми на луѓе погодени од катаклизмични настани чии ефекти беа пренесени низ целата планета. Болка, страв, бес и несигурност, со кои сè уште живеат. Авторката дозволува оние што живееле и сè уште живеат во погодените области да ја раскажат сопствената приказна.

Гласови на жени сведоци на грозоморното умирање и распаѓање на телата на нивните сопрузи погодени од радијацијата. Жена што добива рак од седењето покрај креветот на кој спиел нејзиниот сопруг. Гласот на таткото што ја закопал својата ќерка, почината од болест што не постои. Гласот на старата жена што не може да сфати зошто мора да ги напушти селото и својата градина кога во неа сè расте и сè цвета. Во овој свет сè изгледа сосема нормално затоа што злото се крие зад маска и никој не може да го препознае, да го види, да го слушне, да го допре или да го помириса. А сè може да убие – водата, почвата, јаболкото, дождот.

Алексиевич нагласува дека ова не е книга за Чернобил, туку за последиците од Чернобил, за луѓето што живеат во нова реалност, која никако не можат да ја сфатат. Оние што го преживеале Чернобил се преживувачи на атомската Втора светска војна.

Уметноста многу пати вежбала апокалипса и нудела различни технички верзии на судниот ден, но сега со сигурност знаеме дека животот е многу пострашен писател. За оваа тема не смее да се молчи, а овие приказни не смеат да бидат заборавени од времето.

Светлана Алексиевич

Светлана Алексиевич

Види повеќе