×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




ПланУМ Приказна

ПланУМ Приказна

Александра Шаровиќ Атанасовска


Издавач: Паблишер
Година на издавање: /
Автор: Александра Шаровиќ Атанасовска
ISBN: 9786084569640
Жанр: Планери
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ ГТЦ Достапно
Книжарница ТРИ Ист Гејт Нема на залиха
Книжарница ТРИ Веро Центар Нема на залиха
Книжарница ТРИ Дебар Маало Достапно
499 ден.

ПланУМ приказна е креативен интерактивен планер за ученици од основно и средно училиште збогатен со внимателно избрани и дизајнирани вежби и техники кои се базираат врз методологијата за личен развој и техники од позитивната детска психологија. Низ конципиран процес на планирање и освестување на личните афинитети и квалитети младиот ПланУМец се развива во одговорна свесна и отворена личност.

ПланУМ приказна обработува различни теми од интерес за најмладите и ги поттикнува и родителите и децата да зборуваат отворено за детските желби, потреби, планови, стравови и дилеми. Преку забавни игри, задачи и предизвици, ПланУМ приказна овозможува децата да си ги развиваат интелигенцијата и талентите, да ги продлабочат своите размислувања, да работат на остварување на своите интереси, желби и соништа, како и да усвојат многу нови теми и прашања со кои ќе се среќаваат во текот на својот развој.


Крајната цел на ПланУМ приказна е:

- откривање на нови таленти и вештини кај децата
- развој на креативноста низ забава
- организирање на обврските
- поставување цели за идни врвни достигнувања
- создавање здрави навики
- градење на цврсти односи со врсниците и со родителите
- откривање и активна работа на силните и слабите страни на детето.


Бидејќи секој корисник создава свој уникатен план и одговор на зададените предизвици, варира и комплексноста на резултатите. Вклученоста на родител или старател е неопходна при пополнување на ПланУМ приказна кај помладите, додека кај повозрасните деца асистенцијата би била делумна или во зависност од барањата на самата вежба. 

Александра Шаровиќ Атанасовска

Александра Шаровиќ Атанасовска

Види повеќе