×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Избрани песни

Избрани песни

Ана Ахматова


Издавач: ТРИ
Година на издавање: /
Автор: Ана Ахматова
ISBN: 9786082307862
Жанр: Класична литература
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ Ист Гејт Достапно
Книжарница ТРИ ГТЦ Достапно
Книжарница ТРИ Дебар Маало Достапно
Книжарница ТРИ Веро Центар Достапно
Книжарница ТРИ Подвижна Нема на залиха
350 ден.

Стиховите се мојата врска со времето, со новиот живот на мојот народ

Ана Ахматова, наречена кралица на руската поезија, пленува со своето мајсторство, префинетиот лиризам, лексичкото изобилство и чудесните поетски форми. Позната како претставник на акмеизмот, таа со својата драматично напната, психолошки длабока, а навидум крајно лаконска поезија, ги надминува неговите програмски насоки. Голем талент, со остар и јасен ум, Ахматова стоички ги издржува сите искушенија прераснувајќи во сведок на едно време кое можело да се преживее единствено со љубов – кон блиските, кон животот и зборот, кон татковината.

„Јас никогаш не престанав да пишувам“, вели Ахматова. „Така живеев со ритмите што звучеа во херојската историја на мојата земја. Среќна сум што живеев во тие години и што видов неспоредливи настани.“

Од нејзиното богато творештво издвоивме песни создавани од 1909 до 1969 година. Зад секој нејзин стих стои вистината на времето, сопственото и историското. Па дури и ова што денес го живееме. Мало но значајно енциклопедиско издание за секој вљубеник во убавиот збор.

Ана Ахматова

Ана Ахматова

Види повеќе