×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Далеку, а блиску

Далеку, а блиску

Владимир Мартиновски


Издавач: ТРИ
Година на издавање: /
Автор: Владимир Мартиновски
ISBN: 9786082307275
Жанр: Поезија
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ Веро Центар Достапно
Книжарница ТРИ Ист Гејт Достапно
Книжарница ТРИ Подвижна Нема на залиха
Книжарница ТРИ Дебар Маало Достапно
Книжарница ТРИ ГТЦ Достапно
280 ден.

Пред нас е книга посветена на јапонската книжевност и на нејзината творечка рецепција во македонската книжевна средина. Компаратистот Владимир Мартиновски ги анализира танките на Ки но Цурајуки и Оно но Комачи, хаику-бисерите на Кобајаши Иса и Јоса Бусон, патописите и песните на Мацуо Башо, романите на Сеи Шонагон, Јасунари Кавабата и Кензабуро Ое, поетиката на зен-приказните и на драмите на Чикамацу Монзеамон, а со серија есеи и огледи се осврнува и на значајни дела од современата македонска поезија, настанати во креативен дијалог со јапонската книжевност.

Сите ја знаеме и неретко ја применуваме синтагмата „Блиску, а далеку“. Најчесто кога алудираме на некој неуспех, кој за малку ќе бил успех. Или кога мислиме на непознавањето на работи што ни се цел живот пред нос, а не сме ги забележале... Насловот на оваа книга на Владимир Мартиновски е своевидна инверзија на оваа позната синтагма.

Можеби по читањето на овие 33 студии, огледи и осврти, кои претежно се однесуваат на класичната јапонска литература и на нејзината творечка рецепција во македонската книжевна средина, како и на еруптивниот интерес за хаикуто и за јапонската поезија во творечките лаборатории на современите македонски писатели, ќе можеме да помислиме, а дури и да кажеме: Далеку, а блиску!

Владимир Мартиновски

Владимир Мартиновски

Види повеќе

Можеби ќе ве интересира