×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Крајот на осаменоста

Крајот на осаменоста

Бенедикт Велс


Издавач: ТРИ
Година на издавање: /
Автор: Бенедикт Велс
ISBN: 9786082306780
Жанр: Магични приказни
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ ГТЦ Достапно
Книжарница ТРИ Веро Центар Достапно
Книжарница ТРИ Ист Гејт Достапно
Книжарница ТРИ Подвижна Нема на залиха
Книжарница ТРИ Дебар Маало Достапно
380 ден.

Трогателен роман за загубата на саканите и осаменоста, емотивна приказна за семејството и пријателството. И над сè, голема љубовна историја.

Крајот на осаменоста нè води низ драматичниот живот на двајца браќа и една сестра кои ги губат своите родители во автомобилска несреќа и го поминуваат детството и младоста со чувство на напуштеност и отуѓеност. Кога ќе пораснат, сметаат дека го надминале тој удар на судбината, но... Поминувајќи низ подеми и падови, секогаш одново болно се навраќаат на минатото, кое го оставило својот суров печат врз нивните животи.

Калеидоскопска семејна сага и колеблива, закрепнувачка љубовна приказна, Крајот на осаменоста нуди неверојатни размисли за моќта на спомените, за загубата и она од кое никогаш не можеме да се ослободиме и да го заборавиме. Со неповторливо сочувство и блескав стил, Бенедикт Велс ни покажува што значи да си го најдеме патот во животот и нè потсетува дека доколку не ја изгубиме надежта, ќе најдеме и некој со когошто би го изоделе.

Уште со своето деби овој млад автор нè воодушеви со својата зрелост.
Зидојче цајтунг

Бенедикт Велс

Бенедикт Велс

Види повеќе