×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Светот на Софија

Светот на Софија

Јустејн Гордер


Издавач: ТРИ
Година на издавање: /
Автор: Јустејн Гордер
ISBN: 9786082308210
Жанр: Бестселери
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ Веро Центар Достапно
Книжарница ТРИ Ист Гејт Достапно
Книжарница ТРИ Подвижна Нема на залиха
Книжарница ТРИ Дебар Маало Достапно
Книжарница ТРИ ГТЦ Достапно
500 ден.

Возбудлива мистерија што ги истражува филозофските концепти на западната мисла и се чита во еден здив. Со својот дваесетмилионски тираж, Светот на Софија со години ја распламтува фантазијата на читателите низ целиот свет.

Еден ден четиринаесетгодишната Софија Амундсен се враќа од училиште и во поштенското сандаче наоѓа две писма со по едно прашање: Која си ти? и Од каде потекнува светот? Овие прашања ја опседнуваат Софија и ја одведуваат далеку од идиличното норвешко секојдневие. Низ писмата на еден анонимен филозоф таа се вклучува во еден вид курс по историја на филозофијата, од Сократ, па сè до Сартр. А што е уште почудно, во поштенското сандаче наоѓа и писма адресирани до друго девојче. Која е Хилда? И зошто нејзината пошта пристигнува кај Софија? За да ја разреши оваа загатка, таа мора да го примени она што го научила – но вистината е многу покомплицирана отколку што замислувала.

“Чудесно… Она што Јустејн Гордер успеал е да смести 3000 години од човечката мисла во 500 страници; а на мошне возбудлив а сепак едноставен начин да ја раскаже сета приказна на историјата на филозофијата.
Сандеј тајмс

“Алиса во земјата на чудата од деведесетите... едноставно прекрасна и неодолива книга”.

Јустејн Гордер

Јустејн Гордер

Види повеќе