×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Зошто ме тргаш од ѕвездите

Зошто ме тргаш од ѕвездите

Леонардо Змајшек


Издавач: Леонардо Змајшек
Година на издавање: /
Автор: Леонардо Змајшек
ISBN: 9786082458328
Жанр: Кратки раскази
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ Дебар Маало Достапно
Книжарница ТРИ ГТЦ Достапно
Книжарница ТРИ Веро Центар Нема на залиха
Книжарница ТРИ Ист Гејт Достапно
280 ден.

Книгата „Зошто ме тргаш од ѕвездите?“ од Леонардо Змајшек е симпатично четиво за зреењето, растењето, за сите дилеми, болки и радости што ги носи периодот на адолесценцијата. Со нескриена младешка енергија, со уште поотворена тинејџерска љубопитност и желба за сознавање, расказите на Леонардо откриваат еден лик и многу негови внатрешни гласови или обратно, мноштво ликови, а еден доминантен глас што раскажува. Леонардо, можеби и ненамерно, но секако интересно, си поигрува и со елементите на научната фантастика, креирајќи ликови или суштества кои во себе или околу себе носат енигма на мистичност, на чудесна интервенција од некој или нешто непознато.

Текстовите откриваат и автор кој е упатен и пасиониран читател, со силно влијание од митологијата, од епската фантастика, од трилерот како литература или неговата екранизација. Дел од расказите лесно би можеле да бидат адаптирани за стрип, филм или видеоигра.

Леонардо Змајшек пишува искрено, емотивно, со силна страст за метафори, градење слики и цели лични светови. Неговата книга и емотивниот вртлог во неа, за повозрасните читатели може да биде и силна шлаканица или одговор на прашањето каков свет им оставаме на нашите деца.

Леонардо Змајшек

Леонардо Змајшек

Види повеќе