×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Менталниот склоп на детето

Менталниот склоп на детето

Даниел Џ. Сигел


Издавач: Антолог-Боокс ДООЕЛ
Година на издавање: /
Автор: Даниел Џ. Сигел
ISBN: 9786082435367
Жанр: Популарна психологија
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ Ист Гејт Достапно
Книжарница ТРИ Веро Центар Достапно
Книжарница ТРИ ГТЦ Достапно
Книжарница ТРИ Дебар Маало Достапно
450 ден.

Во оваа научно поткрепена, но истовремено и мошне практична книга, Даниел Џ. Сигел и Тина Пејн Брајсон ни нудат револуционерен пристап кон воспитувањето деца придружен со дванаесет стратегии што помагаат за здрав развој на детскиот мозок, а со тоа и поспокојни и посреќни деца. Како што објаснуваат авторите, „горниот мозок“, кој донесува одлуки и е одговорен за емоциите, е „во изградба“ сè до средината на дваесеттите години од животот, а особено кај малите деца, токму десната страна на мозокот и емоциите доминираат врз логиката на левата страна. Затоа не е ни чудно што децата приредуваат тантруми, се расправаат едни со други или молчат намуртени. Преку примената на овие откритија во секојдневното родителство, можете да ги претворите испадите, расправиите или стравовите во можност за интеграција на мозокот на вашето дете и негов растеж.

Во книгава ќе најдете и стратегии соодветни за возраста на детето, кои ќе ви помогнат при справување со секојдневните борби и предизвици, како и илустрации што ќе ви користат да му ги објасните овие концепти на вашето дете.

Менталниот склоп на детето ви покажува како да негувате здрав емоционален и интелектуален развој за вашите деца да живеат живот полн со урамнотеженост, смисла и поврзаност со другите.

Даниел Џ. Сигел

Даниел Џ. Сигел

Види повеќе