×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




За национализмот

За национализмот

Џорџ Орвел


Издавач: Бегемот
Година на издавање: /
Автор: Џорџ Орвел
ISBN: 9786084869412
Жанр: Есеи и колумни
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ Ист Гејт Достапно
Книжарница ТРИ Веро Центар Нема на залиха
Книжарница ТРИ Дебар Маало Достапно
Книжарница ТРИ ГТЦ Нема на залиха
400 ден.

Ако конечниот тест на секое уметничко дело е неговиот опстанок, тогаш делата на Орвел несомнено го положија овој тест со најдобра оценка. Релевантноста на овие текстови се потврдува во сите цивилизациски периоди. Оваа збирка политички есеи силно го прикажува внатрешниот конфликт на Орвеловиот светоглед, Орвел уметникот и Орвел активистот, кои напати се во хармонија, а напати во расчекор. Орвел уметникот е заробен во магијата на зборовите, во ритамот на нивните низи, во деталите и нијансите, а Орвел активистот е разгневен од неправдата, буден учесник во создавањето и менувањето на општеството, негов строг критичар и набљудувач. Во некои помирни времиња можеби со сета енергија ќе и се препуштел на уметничката естетика и стилистиката, но непосредното искуство со империјализмот, фашизмот и сиромаштијата ги активирале неговата политичка свест и одговорност. Овие есеи ја поткопуваат наивната разлика помеѓу политиката и секојдневниот живот, покажувајќи колку несвесно примаме пораки од вредносен и идеолошки тип, и колку сме подложни на пропаганда и манипулација.

Џорџ Орвел

Џорџ Орвел

Види повеќе