×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Можеби овој Божиќ

Можеби овој Божиќ

Сара Морган


Издавач: Сакам книги
Година на издавање: /
ISBN: 9786082601298
Жанр: Љубовни романи
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ Дебар Маало Достапно
Книжарница ТРИ Ист Гејт Достапно
Книжарница ТРИ Веро Центар Достапно
Книжарница ТРИ ГТЦ Нема на залиха
420 ден.

„Полн со позитивна енергија, крајно секси и празнично топол – серијалот за браќата О’Нил е совршенство!“

Оваа зима, поранешниот шампион во скијање – исто така поранешен срцекршач – и самохран татко Тајлер О’Нил има само една мисија: да се погрижи неговата ќерка Џес да го доживее најубавиот Божиќ во својот живот. Фактот дека неговата најдобра пријателка, Брена, привремено мора да се всели кај него затоа што нивниот ресорт Снежниот Кристал е преполн, е само една слатка дистракција што едноставно ќе мора да ја игнорира. Нивната врска е единствената којашто не ја уништил во својот живот и дефинитивно нема намера сега да го стори тоа. Професионалната скијачка Брена Даниелс многу добро знае што е тоа невозвратена љубов – таа е лудо вљубена во Тајлер веќе со години. Но живеењето со него е вистинска тортура… како може да се концентрира на тоа да му биде само пријателка кога тој спие во соседната соба? А кога тој одеднаш ја бакнува, остварувањето на нејзината најголема желба ѝ се чини на дофат на прсти како никогаш претходно.

Дали е можно овој Божиќ конечно да ѝ се оствари најголемиот сон?

Сара Морган

Сара Морган

Види повеќе