×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Имот

Имот

Федериго Тоци


Издавач: Македоника Литера
Година на издавање: /
Автор: Федериго Тоци
ISBN: 9786082521435
Жанр: Романи
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ Веро Центар Достапно
Книжарница ТРИ ГТЦ Нема на залиха
Книжарница ТРИ Ист Гејт Нема на залиха
Книжарница ТРИ Дебар Маало Достапно
200 ден.

Со овој роман со кој Тоци влезе во историјата на италијанската литература, а критиката го споредуваше со Кафка и со Достоевски и се смета за значајно дело на италијанската литература од првите децении на 20 век. Во „Имот“ тој го опишува светот на немирот, неспокојот и стравот предизвикани од контактот со реалноста којашто е заканувачка, мрачна, агресивна.Тоа е свет составен од трауми, отворени рани, длабоки повреди на личноста, каде што несовесните личности се подложни на влијанија и се однесуваат нелогично и со несвесни импулси.

Тоци раскажува интригантна и смела приказна. Во романот „Имот“, Федериго Тоци се обидува да се наврати, иако без да ги негира неговите претходни иновации, на потрадиционалните стил и форма. Делото на Федериго Тоци го открива вкусот на најдобрата италијанска фантастика. „Имот“ завршува телеграфски, но страниците што го подготвуваат крајот на делото ѝ припаѓаат на големата литература.

Федериго Тоци

Федериго Тоци

Види повеќе