×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Ветената земја

Ветената земја

Владислав Рејмонт


Издавач: Бегемот
Година на издавање: /
Автор: Владислав Рејмонт
ISBN: 9786084869245
Жанр: Историски романи
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ Ист Гејт Достапно
Книжарница ТРИ ГТЦ Достапно
Книжарница ТРИ Дебар Маало Нема на залиха
Книжарница ТРИ Веро Центар Нема на залиха
700 ден.

Ветената земја е панорамски роман за раѓањето на еден индустриски град. Трогателна слика за бруталните почетоци на капитализмот во срцето на Европа. Фабрики, пожари, беда и лукавство. А среде индустрискиот налет – големи планови, заеднички интереси и пријателство. Нобеловецот Рејмонт со неверојатен раскажувачки размав ги фабуларизирал опсервациите што ги правел во 1896 година во Лоѓ, во тоа време индустриски град што динамично се развивал, мелејќи ги реликтите од одминатите времиња во својата циглена утроба: селото, аристократијата, чесноста, спокојот и префинетите манири. Главниот јунак на романот е токму градот – немирниот град-свет, преплетен од различни култури и карактери, жесток кон послабите, а наклонет кон посилните и одлучните. Богатството е на дофат, а челустите на бедата безмилосно ги докрајчуваат оние што потклекнале со телото или со духот. Во општиот маскенбал, среде сеприсутниот шкарт и вредно колекционираното ѓубре, лежат длабоко погребаните вистински човечки мечти, зраци светлина што продираат низ слоевите нечистотија. Дали „машинската“ стварност на ветената земја е благослов или, поскоро, проклетство? Каде плови оваа џиновска лаѓа и за кого има место на палубата?

Владислав Рејмонт

Владислав Рејмонт

Види повеќе