Промоција на „Луна“ – новиот роман на Винка Саздова

21.12.15

На 22 декември (вторник), во 19 часот, во клуб МКЦ во Скопје, ќе се одржи промоција на Луна, новиот роман на Винка Саздова. 

Луна е роман за незавршените комуникации во нашите животи.

Две жени, Роса и Теодора, се обидуваат преку спомените на другата да проникнат во сопственото минато. Заедничка им е љубовта кон Калин, кој пред смртта остава една папка преполна со романтични вознеси за Луна. Која е Луна? Тоа е загатката што двете жени ќе ги принуди на сојузништво. Трагајќи по Луна, тие постапно се доближуваат една до друга и се ослободуваат од сеништата на минатото.

« Назад