Повик до сите автори

14.9.16

Издавачкиот центар ТРИ ги отвора вратите за сите талентирани автори.

Пратете ни фрагменти од своите авторски дела (романи, кратки раскази, поезија, драми) што не биле објавувани досега, заедно со кратко образложение и своја биографија, и очекувајте го нашиот повик, доколку напишаното ги исполнува литературните и естетски критериуми за објавување.

Адресата на која ќе ги очекуваме материјалите е:

tri@kniga.com.mk – најдоцна до 30.09.2016

Книгите кои ќе бидат прифатени ќе имаат можност да бидат објавени во текот на 2017 година, со помош на Министерството за култура на РМ.

« Назад