Како оваа година да прочитаме повеќе

16.1.17

(продолжение од 11 јануари)

Еве неколку совети за зголемување на бројот на прочитани книги:

  1. 1. Брзо читање. Многу луѓе го напаѓаат брзото читање како лажно, како метод кој го загрозува разбирањето на материјата, или како втемелено врз бофл наука. Сепак, таквите осуди почиваат врз погрешното сфаќање дека брзото читање е само магична техника која ви овозможува да прелетувате преку страниците, а не она што навистина е – еден збир од нормални, здраворазумски навики кои ви помагаат да читате побрзо. На темата на брзо читање се напишани многу книги, но овде ќе понудиме само неколку совети што уживаат голема доверба меѓу читателите кои повеќе години ја применуваат техниката на брзо читање:
     
  • – Користете покажувач. Движете го показалецот по должина на текстот на страницата која ја читате. Тоа ви овозможува да ги држите очите сосредоточени на одредено место на страницата. По една-две недели ваква вежба со користење на показалецот, ќе забележите дека вашето темпо на читање е значително зголемено.

  • – Вежбовно читање. Вежбовното читање значи „читање“ малку побрзо отколку што ви е потребно за да сфатите навистина што читате. Иако вежбовното читање нема да ви овозможи да стекнете нови знаења, сепак ќе ви помогне да се обучите да читате без да имате потреба зборовите да ги повторувате во својата глава.
     
  1. 2. Воведете утрински ритуал. Некои луѓе решаваат секое утро да одвојат време за читање. Ранобудниците се на тој начин во состојба да читаат цел час и половина пред да заминат на работа. На тој начин успеваат во дневниот распоред да внесат време за читање кое не би можеле да го остварат во подоцнежните, позафатени делови од денот. Но дури и доколку успеете да одвоите само петнаесет или триесет минути за утринско читање, тоа ќе резултира со дваесет-триесет прочитани книги на годишно ниво.

  2. 3. Една по една книга. Обидите да практикувате мултитаскинг со повeќе книги едновремено е губење време. Вашето правило треба да биде да читате една книга сѐ додека не ја завршите, или пак, доколку така решите, да ја отфрлите еднаш засекогаш. Со оставањето една книга за подоцна за да почнете да читате друга книга, само ја пренатрупувате својата листа на работи што треба да се завршат.

  3. 4. Носете книга со себе. Доколку планирате да одите некаде, земете си книга со себе, па така ќе бидете во можност да читате доколку се најдете принудени да чекате. Веројатно во текот на денот често ви се случува да морате неколку минути да чекате во ред, да одите на кратка пауза, или пак ќе се најдете во некое превозно средство. Носењето книга со себе значи дека тие моменти не се залудно загубени. 

 

« Назад