ПОДАРЕТЕ ПЛАНУМ – НАЈДОБРАТА АЛАТКА ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА НОВОГОДИШНИТЕ ОДЛУКИ!

21.11.18

ШТО Е ПЛАНУМ?

ПланУМ е креативен интерактивен планер за унапредување на личните потенцијали. Низ уникатен и структуиран процес кој користи техники и вежби од коучинг-методологијата со фокус на решенија, ви помага во кристализирање на посакуваните цели и во дефинирање на детална мапа за нивна реализација.

ПланУМ дејствува како личен тренер кој стимулира  континуиран личен и професионален развој. Мотивира планирање на иднината, размислување за минатото и дејствување во сегашноста. Поттикнува систематизираност и организација, иницира одговорност и акција, ја зголемува продуктивноста.  

Во своите три изданија – Планум про, Планум поука и Планум приказна – претставува персонализирано решение за секој кој води грижа за својот личен прогрес, од професионалци со набиени агенди до ученици кои почнуваат да го трасираат својот животен пат.


ВИСТИНСКИ ПОДАРОК ЗА ВАШИТЕ ВРАБОТЕНИ, ДЕЛОВНИ ПАРТНЕРИ И ЗА НИВНИТЕ ДЕЦА

Темелноста, практичноста, организираноста, енергичноста и ефикасноста се одлики на сите успешни компании. Планумот ќе им помогне на сите, а пред сѐ на вработените, да постигнат оптимален фокус и добра организација заради формирање одлични навики и одредување на најважните приоритети. Вашите вработени ќе бидат подготвени за промена кон подобро и за поставување повисоки цели. Сето ова ќе придонесе за проширување на видиците и унапредување на бизнисот.

ПланУМ нуди можност за брендирање со ваше лого на кориците, што го прави идеален подарок за вашите вработени и за деловните партнери. Со својот современ и инспиративен дизајн совршено одговара за секој професионалец или компанија која се грижи за својот имиџ.

 
КОЛКУ ЧИНИ?

Единечна цена на сите ПланУМи: 499 денари  

За поголеми нарачки следува попуст: 

  • од 25 до 50 – 10 % попуст 
  • од 51 до 100 – 15 % попуст 
  • над 100 – 20 % попуст 

 

НАРАЧАЈТЕ ВЕДНАШ

02/32 456 22

knizarnica@kniga.com.mk

« Назад