Наскоро: ПланУМ Про – ексклузивен планер за професионален развој во 12 месеци

05.12.17

ПланУМ Про е моќен интерактивен планер за унапредување на личните потенцијали. Низ уникатен и структуиран процес кој користи техники и вежби од методологијата за личен развој со фокус на решенија, ви помага во кристализирање на посакуваните цели и во дефинирање на една детална мапа за нивна реализација.

ПланУМ дејствува како личен тренер кој го стимулира вашиот континуиран професионален развој. Мотивира планирање на иднината, размислувања за минатото и дејствување во сегашноста. Поттикнува систематизираност и организација, иницира одговорност и акција, унапредува продуктивност.  

ПланУМ Про е наменет за сите кои имаат амбиција да ги претворат своите соништа во лесно остварливи цели. Тој е индивидуално решение за сите:

– ЕНТУЗИЈАСТИЧНИ ПРЕТПРИЕМАЧИ кои се докажуваат на пазарот
– АМБИЦИОЗНИ КОРПОРАТИВЦИ кои сигурно се искачуваат во кариерата
– ХРАБРИ ИНОВАТОРИ со големи идеи на кои им е потребна структура за реализација
– ПРОФЕСИОНАЛЦИ со потреба од зголемена продуктивност.

 
ПланУМ Про функционира како:

– Планер – визија на посакуваните резултати
– Листа на желби – дефинирaње на целите
– Агенда – планирање на секојдневните обврски
– Календар – преглед на приоритетните активности
– Потсетник – самоменаџирање, справување со роковите
– Асистент – верен сопатник, ваша десна рака
– Мотиватор – континуирана инспирација.


ПланУМ Про нуди можност за брендирање со ваше лого, што го прави идеален подарок за вашите вработени и за деловните партнери.

 
– Од 25 до 50 примероци: 10 % попуст
– Од 50 до 100 примероци: 15 % попуст
– Над 100 примероци: 20 % попуст
– Редовна цена за примерок: 600 ден.

« Назад