Оглас за вработување
18.1.19Издавачки центар ТРИ ДООЕЛ Скопје вработува
АСИСТЕНТ ЗА МАРКЕТИНГ И ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ
Повик до сите маркетинг ентузијасти и професионалци – бараме дополнување на нашиот тим кој ќе работи неуморно на промоција и комуникација на сите активности на Издавачкиот центар ТРИ. Идеална позиција за секој што за своја пасија ги смета и маркетингот и читањето, а поседува напредни вештини за маркетинг, комуникацијата и организирање на настани.
Позицијата вклучува: креирање на стратегии за маркетинг и комуникација, однос со клиенти и соработници, реализирање на кампањи и организирање на промоции и презентации. Потребни се одлични организациски способности, способност за планирање, реализација и изработување на извештаи за кампањи, активност на социјални медиуми, анализа, напредни комуникациски вештини, способност за работа во тим, работа со рокови, внимавање на детали.
Основни квалификации
- – Завршено високо образование
- – Најмалку три години работно искуство на исти или слични работни места
- – Искуство во водење на проекти кои вклучуваат различни комуникациски канали
- – Искуство во организирање на настани
- – Познавање на медиумите и нивната работа
- – Одлични способности за писмено изразување
- – Одлични презентациски вештини, елоквентност
- – Одлично познавање на англиски јазик
- – Способност за аналитичко размислување и расудување, следење трендови
- – Напредно ниво на користење на MS Office, Internet
- – Подготвеност за тимска и самостојна работа
Опис на работата
- – Креирање, реализација и мерење на учинок на маркетинг кампањи
- – Одржување на контакт со медиуми и навремена комуникација на сите активности на компанијата
- – Поддршка на каналот на директна продажба
- – Менаџирање на страните на социјалните мрежи и нивен постојан развој
- – Соработка со уредничкиот тим и тимот за продажба за креирање на планови за маркетинг
- – Одржување и развој на блог-канал за комуникација на одредени проекти
- – Развој на стратегија за комуникација на содржина преку вебсајт, апликации, имејл, блог и останати канали
- – Организирање на настани – промоции на книги, тематски настани, средби
- – Презентација на активностите на компанијата во тв-медиуми
Ги повикуваме заинтересираните кандидати да пратат CV на македонски и мотивациско писмо на: kariera@kniga.mk
Кандидатот е потребно да има искуство во областа повеќе од 3 години, а предност ќе имаат кандидатите што имаат искуство во издаваштвото. Ќе се земат предвид само апликантите што целосно ги исполнуваат наведените услови.