Издавачки центар ТРИ вработува

11.1.19

Издавачки центар ТРИ ДООЕЛ Скопје вработува

 Преведувач од англиски јазик

со искуство во превод на книжевни дела и популарна/стручна литература

 
Квалификации

  • – Завршено високо образование – Филолошки факултет, отсек за превод и толкување
  • – Одлично познавање на англискиот и македонскиот јазик
  • – Претходно работно искуство – објавени преводи на книги од англиски јазик (статии и извадоци не се земаат предвид)
  • – Предност имаат кандидатите со искуство во превод на книжевни дела, но ќе бидат земени предвид и преводи на останата литература
  • – Напредно ниво на користење на MS Office, Internet
  • – Напредно познавање на книжевноста
  • – Добри организациски и комуникациски способности и подготвеност да работи во тим
  • – Подготвеност да работи со рокови
  • – Познавање на повеќе јазици ќе се смета за предност


Ако работата од соништата ти е да бидеш дел од реномирана издавачка куќа, да преведуваш познати дела од светската книжевност и да соработуваш со професионалци од областа, те охрабруваме да ни го пратиш твоето резиме и мотивациско писмо на kariera@kniga.mk

« Назад