Средба со Јагода Михајловска-Георгиева

12.2.18

Добитник на наградата „Стале Попов“ за романот „Манастир Фуентерабија“ (ТРИ, 2017)

Јагода Михајловска-Георгиева е авторот на најдоброто прозно дело за 2017 г. според Друштвото на писателите на Македонија. Наградата „Стале Попов“ е уште една потврда за високите книжевни квалитети на нашата романсиерка, која е еден од најнаградуваните македонски автори, добитник на Рациновото признание и Роман на годината за „Каменот од твојот ден“ и „Индиго Бомбај“.

ТРИ со задоволство ве поканува на неформална средба на авторката и читателите во чест на доделувањето на ова високо признание – повелете на 14 февруари во книжарницата на ТРИ во Дебар Маало.

Дополнителен повод за средбата е и хуманитарната акција поврзана со наградениот роман – во соработка со списанието „Лице в лице“, дел од продажбата на „Манастир Фуентерабија“ авторката ќе го донира за децата од улица згрижени во Дневниот центар во Шуто Оризари.

Делата на Михајловска-Георгиева се изданија со кои ТРИ особено се гордее, затоа искрено се надеваме дека ќе ни се придружите заедно да го одбележиме добивањето на престижната награда „Стале Попов“.

Локација: Книжарница ТРИ во Дебар Маало (Аминта Трети бр. 33)

Време: 14 февруари, 13 часот

Ве очекуваме!

« Назад