Издавачкиот центар ТРИ, во соработка со илустраторката Катерина Николовска, ја објави првата авторска радосница „ДОБРЕ ДОЈДЕ, МИЛО

18.10.18

„Добре дојде, мило“ е вредна книга што ќе им овозможи на родителите да ги забележат на едно место сите незаборавни моменти и искуства од првата година од животот со своето најмило и да поседуваат неповторлива ризница од спомени на која секогаш со задоволство ќе се навраќаат.

На 24 оригинално илустрирани страници се наоѓаат поглавја за сите најважни моменти од ова драгоцено искуство – од мигот на дознавање на прекрасната вест сè до првиот роденден и сите важни МОМЕНТИ што се случуваат во овие возбудливи 12 месеци.

Секоја страница од оваа радосница се одликува со живи и разиграни илустрации, едноставен текст и насоки за тоа како да ги претворите најзначајните мигови во вредни спомени. Многу места за фотографии, место за првиот цртеж и првите отпечатоци, првиот одмор и роденден, омилените игри и песнички... Радосницата ќе ги зачува првите впечатоци на тато и мама, денот на првата насмевка, моментот кога ќе се појави првото запче, првиот кажан збор, омилените активности – практично сите работи што не смеат да бидат заборавени.

Прекрасната изработка и висококвалитетниот печат и дизајн на корицата ја прават радосницата идеален подарок за добредојде за секое момче и девојче.

Сметаме дека неповторливите моменти од раѓањето и растењето на детето се најголемото богатство што го имаме. „Добре дојде, мило“ ќе се погрижи овие спомени да не бидат заборавени никогаш.

 

 

« Назад