Организирана школска година и подобри социјални вештини за децата со ПланУМ приказна – Прв интерактивен и креативен планер за деца

31.8.17

На прагот сме на новата школска година по долгиот летен распуст. Децата се и повеќе од одморени, па родителите се загрижени дека тие можеби ги имаат подзаборавено старите добри навики. За да се вратат на правиот колосек и уште подобро да се справат со школските и воншколските предизвици, авторката на добро познатиот прирачник ПланУМ, Александра Шаровиќ Атанасовска и издавачката куќа ПАБЛИШЕР го создадоа првиот интерактивен планер за деца – ПланУМ Приказна.

ПланУМ Приказна е оригинален прирачник, дневник, потсетник, организатор, мотиватор – сè во едно – наменет за деца на возраст од 8 до 18 години, но истовремено и точка на среќавање на децата и родителите. Тој претставува одличен партнер на сите современи родители кои чувствуваат потреба да му понудат континуиран развој на своето дете преку квалитетни содржини. На повеќе од 230 страници ПланУМ Приказна нуди причина, повод и – што е најважно – внимателно избрана содржина која ќе ги поврзе родителите со своите најсакани барем 15 конструктивни минути во текот на денот, секој ден од годината.

ПланУМ Приказна обработува различни теми од интерес за најмладите, и тоа преку конципиран процес на планирање и освестување на личните афинитети и квалитети на детето. Ги поттикнува и родителите и децата да зборуваат отворено за желбите, потребите, плановите, стравовите и дилемите. Крајната цел на ПланУМ Приказна е:

 

  • откривање на нови таленити и вештини кај децата
  • развој на креативноста низ забава
  • организирање на обврските
  • поставување цели за идни врвни достигнувања
  • создавање на здрави навики
  • градење на цврсти односи со врсниците и со родителите
  • откривање и активна работа на силните и слабите аспекти на детето.

 

ПланУМ Приказна е составен од внимателно избрани и дизајнирани вежби кои се базираат врз методологијата за личен развој со фокус на решенија, но и врз техники од позитивната детска психологија, приспособени за деца од основно и средно училиште. Бидејќи секој корисник создава свој уникатен план и одговор на зададените предизвици, варира и комплексноста на резултатите. Вклученоста на родител или старател е неопходна при пополнување на ПланУМ Приказна кај помладите, додека кај повозрасните деца асистенцијата би била делумна или во зависност од барањата на самата вежба.

 

ПланУМ Приказна може да се најде во продажните места на Издавачкиот центар ТРИ, во Книжарниците ТРИ во ГТЦ и во Дебар Маало, или онлајн на www.kniga.mk

« Назад