Девет лекции од Конфуциј што ќе ви ги сменат приоритетите во животот

19.7.18


Секој вљубеник во филозофијата сигурно е запознат со Конфуциј и неговите учења. Тој е еден од најголемите филозофи на сите времиња, а неговото учење имало големо влијание не само врз животот во Источна Азија туку и во целиот свет. Неговите едноставни и мудри лекции со векови се пренесуваат на новите генерации. Поголемиот дел од учењата на Конфуциј се темелат врз радоста и исполнетоста во животот.

Еве неколку лекции кои можат да бидат мошне корисни во животот.


1) Постојано напредувајте

Препознајте го вистинскиот пат и постојано одете напред, па на крајот ќе стигнете до посакуваната цел. Со постојан труд и вредна работа, успехот сам ќе си дојде, а вие ќе ги остварите зацртаните цели.

 

2) Важно е со какви пријатели се дружите и во какви кругови се движите

Опкружете се со позитивни луѓе кои ве бодрат и ви помагаат да станете подобра личност, кои ве опсипуваат со позитивна енергија и секогаш ве мотивираат. Бидејќи пријателството е обострано, и вие однесувајте се со пријателите на ист начин. Истражувањата покажуваат дека пријателите се клучни за среќата на една личност, па затоа е важно да се движите во здрави кругови.

 

3) Убавите работи сепак имаат цена

За да нè заштити од можни опасности, човековиот мозок се приспособил да размислува негативно за некои работи. Но тоа може да биде штетно ако премине во навика. Сепак, ако свесно го приспособиме својот пристап кон позитивното размислување, можеме да ја надминеме оваа лоша навика. Сите добри работи имаат своја цена. Без напор и одлучност да размислуваме позитивно, способноста да се постигнат убави работи значително ни се намалува. Со посветеност и вистински пристап, за одредено време ќе развиете позитивен став кон работите.

 

4) Од грешките се учиме

Губиме премногу драгоцено време и енергија фокусирајќи се на минатите или сегашните дилеми со кои се соочуваме. Наместо тоа, треба да се сосредоточиме на посветли мисли и да го насочиме умот кон нив. Тоа не само што ќе ни помогне да си зацртаме цели за иднината туку и ќе нѐ натера да размислуваме за грешките за да ги поправиме во иднина.

На ова патување многу пречки, како на пример критиките, ќе се обидат да ви го попречат напредокот кон крајната цел, но најдобро е да ги занемарите и да продолжите напред.

 

5) Имајте ги предвид последиците од секоја постапка

Ова правило произлегува директно од познатата мисла на Конфуциј: „Кога гневот расте, мисли на последиците“. Гневот не води до никаков позитивен развој. Всушност, може да ви наштети ако не преземете соодветни мерки. Наместо да избувнете, избројте до десет и трпеливо и тактички размислете како да постапите.

 

6) Научете да се менувате и приспособувате

Доколку внимателно си го следите напредокот, ќе ги препознаете факторите што го попречуваат. Тоа наедно ќе ви помогне да дознаете дали вашите планови се одвиваат според очекувањата. Ако очекувањата не ви се исполнети, тогаш застанете и сменете го пристапот. Ако не се менувате и приспособувате, нема да одите напред. Редовно прашувајте се: Дали успеав? Така ќе бидете сигурни дека се движите по вистинскиот пат. Кога ќе наидете на пречка, веднаш застанете и сменете ја стратегијата. Така полесно ќе ги надминете пречките и ќе стигнете до крајната цел.

 

7) Црпете знаење од секого

Секој човек има сопствени животни искуства. Овие искуства се различни за секоја личност, а создаваат простор за учење. Заземете пристап во кој овие искуства ќе ви служат како лекции, што ќе ви овозможи да собирате добри поуки (кои можете да ги примените во својот живот) и лоши поуки (кои можете да ги избегнувате штом ќе ги научите). Тоа отвора можност за нови знаења, наедно правејќи ве попријатна личност која е вистински заинтересирана за она што сака да ѝ го пренесе другиот.

 

8) Сè или ништо

Оваа универзална мантра на успехот го опфаќа принципот на стопроцентно вложување. Нецелосното вложување и давање сè од себе е исто како воопшто да не се трудите. Вистинскиот напор кон целта ќе ве води напред и ќе ве мотивира да вложувате поголем труд. Овој принцип треба да се применува во сите аспекти од животот, вклучувајќи ги и врските.

 

9) Наострете ги своите орудија

За да се развивате и да совладате одредени вештини, потребни ви се многу вежбање, труд и интегритет. Без нив, нема да ги остварите своите цели. За да го користите моливот, морате да го наострите тапиот врв. Само со наострен молив ќе добиете прецизни резултати. Па така, за да добиете резултати во животот, важно е да запнете. Само така ќе си ги подобрите вештините и ќе се доближите до сопствените цели.

 

Најпознатите учења и изреки од Конфуциј ќе ги најдете во книгата Аналекти.

« Назад