Почнува фестивалската сезона во книжарниците на ТРИ

21.12.17

Периодот на нови изданија, одлични попусти и книжевни настани е пред нас. Зимскиот фестивал на книгата на ТРИ и оваа година ја носи најбогатата и најатрактивна понуда на книги од најчитаните домашни и светски автори – по најдостапни цени.

Во следните 30 дена ќе промовираме многу нови наслови, ќе организираме дружења со автори, ќе се наградуваме и заедно ќе ги бираме идеалните наслови за подарување. За време на Фестивалот во книжарниците ќе ве очекуваат над 1.000 наслови со намалени цени, празнични пакети, препораки, неделни акции и подароци за сите редовни читатели.

Сè што е потребно за уште една идеална сезона за читање!

Разгледајте го Фестивалскиот каталог тука.

#Читај #подарувај #раскажувај ги своите омилените книги.

« Назад