Актуелности

Најдобрите серијали: Книги што заслужуваат продолженија 04.10.18

Според истражувањата, децата треба да читаат четири или повеќе книги во текот на летото за да ги зачуваат и развијат јазичните вештини. Според истите истражувања, најдобар начин за да се исполни тоа е да се читаат серијали. Истото се однесува и за возрасните. Читањето серијали ни овозможува еден скалест пристап што ни помага да се чувствуваме сигурно и успешно.

»
Прустов прашалник со Трајче Кацаров 14.8.14

Отсекогаш чекор пред своето време, доволно храбар и доблестен да го каже она што му е на ум, доволно љубопитен за да биде и поет, и драматург, и критичар, и колумнист истовремено. Трајче Кацаров ги споделува со нас своите размисли и чувствувања преку одговорите на Прустовиот прашалник. 

»
Промотивна реч на Трајче Кацаров за романот „Понекогаш доаѓа среќа“ од Винка Саздова 22.10.13

Имав осумнаесет години, или сè уште немав, кога во киното „Култура“, единственото кино во градот, седнат на дваесет и четвртиот  ред, станав сведок на содржината на филмот „Крамер против Крамер“. Истиот филм го гледав неколку пати. За цело време додека ја преџвакував содржината на филмот, се кршев помеѓу мажот, жената и детето. Извонредните актерски креации на Дастин Хофман и на Мерил Стрип, тогаш за прв пат ги видов на киноекранот,  ме тераа да сочувствувам со секој лик посебно...

»
Пауло Коелјо: Најголемиот бразилски претставник 07.10.13
На овогодинешниот Саем на книгата во Франкфурт почесена земја-гостин е Бразил, чиј најголем претставник е писателот Пауло Коелјо. Преведен на повеќе од 80 јазици, авторот има продадено над 150 милиони примероци во повеќе од двесте земји. Има објавено 26 книги, член е на Бразилската академија на литературата од 2002 г. и, со своите 23 милиони следбеници на социјалните мрежи, претставува писател со најголемата Интернет-заедница. »