ЧЕСТВУВАЊЕ НА ДЕЛОТО НА МИТКО МАЏУНКОВ ВО СТРУМИЦА

08.11.16

Ha 9 и 10 ноември, во Струмица, за прв пат ќе се одржи манифестацијата „Денови со Митко Маџунков", која има за цел да го популаризира восприемањето на делото на академик Маџунков.

Првиот ден, на 9 ноември, ќе бидат посетени неколку населени места во Струмичко во кои живеат луѓе по потекло од Кукушко, познати како бежанци. Токму некои од нив послужиле како прототипови за ликовите во романот „Кон другата земја“ на Маџунков. Истиот ден ќе се одржи и музички концерт.

Вториот ден од чествувањето ќе започне со училиштен час со Маџунков во струмичката гимназија, каде што тој го завршил своето средно образование. Вечерта, во 19 часот, ќе се одржи промоција на Собраните дела на Маџунков, во издание на Издавачки центар ТРИ од Скопје. Промотори ќе бидат академик Ѓорги Старделов, академик Влада Урошевиќ и проф. д-р Венко Андоновски. На манифестацијата со свои искажувања ќе учествуваат режисерот Бранко Ставрев и проф. д-р Ратко Дуев, како и негови поддржувачи и почитувачи на неговото дело од Струмица.

« Назад