Започна Карванот на книгата

31.5.16

Јубијелниот, десетти по ред Карван на книгата ја започнува својата летна турнеја низ Македонија. Оваа година, Карванот ќе посети пет градови во кои на читателите ќе им донесе над 300 наслови со огромен попуст до 70%.

Најновите изданија на ТРИ – како последниот роман на Игор Џамбазов Умрен човек, Боенка за креативен ден од Ивана Горичан, Ваби-саби од Франсеск Миралјес, Исповеди на еден психотичен ум на Владимир Ристевски, Онлајн девојка од Зои Саг, Чиракот на архитектот од Елиф Шафак, Луна од Винка Саздова и уште многу други – се доволен предизвик за сите љубители на книгата да си ја подноват својата домашна библиотека пред почетокот на летните горештини.

Карванот ќе застане во самиот центар на градовите што ќе ги посети, каде што нашите верни читатели ќе имаат можност да одберат одлични наслови по неверојатно достапни цени. Очекувајте нè на следните 4 одредишта и забележете ги датумите во своите календари :

Гевгелија         30–4 јуни

Штип                  6–11 јуни

Прилеп              13–18 јуни

Куманово        20–25 јуни

Со Карванот на книгата на ТРИ, патот до добра книга никогаш не бил покус и полесен!

« Назад