Актуелности

Нежен роман за силни теми 06.2.18

Романот на Јагода Михајловска-Георгиева „Манастир Фуентерабија“ раскажува оригинална, несекојдневна приказна, сместена на едно специфично место (Фуентерабија во Шпанија), со силна универзална порака.

»
Почнува фестивалската сезона во книжарниците на ТРИ 21.12.17

Периодот на нови изданија, одлични попусти и книжевни настани е пред нас. Зимскиот фестивал на книгата на ТРИ и оваа година ја носи најбогатата и најатрактивна понуда на книги од најчитаните домашни и светски автори – по најдостапни цени.

»
ПланУМ Про – ексклузивен планер за професионален развој во 12 месеци 05.12.17

ПланУМ Про е моќен интерактивен планер за унапредување на личните потенцијали. Низ уникатен и структуиран процес кој користи техники и вежби од методологијата за личен развој со фокус на решенија, ви помага во кристализирање на посакуваните цели и во дефинирање на една детална мапа за нивна реализација. 

»
EЛИФ ШАФАК Ѝ СЕ ПРИДРУЖУВА НА „БИБЛИОТЕКА НА ИДНИНАТА“ 31.10.17

Елиф Шафак, еден од најмоќните гласови на светската книжевната сцена, чиј ексклузивен македонски издавач е ТРИ, стана дел од еден необичен проект насловен како „Библиотека на иднината“. Станува збор за проект во чии рамки секоја година се избира по еден автор кој се согласува неговото дело, напишано специјално за овој проект, да биде објавено по сто години, во далечната 2114 година! Она што е исто така интересно е што делата ќе бидат отпечатени на хартија направена од дрвјата кои пред три години ги посади шкотската уметница Кејти Патерсон, авторка на овој проект. 

»
Казуо Ишигуро ‒ добитник на Нобеловата награда за литература за 2017 05.10.17

Шведската академија одлучи годинешната награда за литература да му ја додели на познатиот англиски писател со јапонско потекло ‒ Казуо Ишигуро, авторот на романите На крајот од денот и Никогаш не оставај ме, оценувајќи го неговото раскажување како „внимателно воздржан начин на изразување, независен од настаните што се случуваат“.

»