Актуелности

Прустов прашалник со Марија Јаневска 12.6.14

Мора најпрво да се знаеме себеси, за да може да ги разбереме другите – Марсел Пруст. Марија Јаневска е првата која ќе одговара на познатиот Прустов прашалник. Иако е дизајниран за да се дадат брзи и кратки, но содржајни одговори, кои со малку ќе кажат многу, сепак оној кој го одговара го тераат да се преиспита себе си, своите чувста и размисли. 

»
Промотивна реч на Трајче Кацаров за романот „Понекогаш доаѓа среќа“ од Винка Саздова 22.10.13

Имав осумнаесет години, или сè уште немав, кога во киното „Култура“, единственото кино во градот, седнат на дваесет и четвртиот  ред, станав сведок на содржината на филмот „Крамер против Крамер“. Истиот филм го гледав неколку пати. За цело време додека ја преџвакував содржината на филмот, се кршев помеѓу мажот, жената и детето. Извонредните актерски креации на Дастин Хофман и на Мерил Стрип, тогаш за прв пат ги видов на киноекранот,  ме тераа да сочувствувам со секој лик посебно...

»
Пауло Коелјо: Најголемиот бразилски претставник 07.10.13
На овогодинешниот Саем на книгата во Франкфурт почесена земја-гостин е Бразил, чиј најголем претставник е писателот Пауло Коелјо. Преведен на повеќе од 80 јазици, авторот има продадено над 150 милиони примероци во повеќе од двесте земји. Има објавено 26 книги, член е на Бразилската академија на литературата од 2002 г. и, со своите 23 милиони следбеници на социјалните мрежи, претставува писател со најголемата Интернет-заедница. »
Попуст на попуст во ТРИ! 20.3.02

Го завршуваме Зимскиот фестивал на книгата со големо финале – од 20.01. до 31.01. сите изданија на ТРИ се со дополнителен попуст до 80%! Нашата мисија е да понудиме одлични автори и уште подобри наслови – за сечиј вкус, по никогаш подостапни цени. 

»