Актуелности

Прустов прашалник со Игор Џамбазов 17.7.14

Го знaеме од малите екрани, го знаеме преку неговата музика. Го знаеме како шоумен, музичар, јавна личност. Мислиме дека знаеме многу за него, но секогаш остануваат делчиња од неговата приказна кои ги чува само за себе. Прустовиот прашалник ни дава можност да ѕирнеме во расположението, мислите и чувствата на човекот Игор.

»
Прустов прашалник со Јагода Михајловска Георгиева 05.7.14

Фасцинирана од височините, допира до длабочините на човековата душа, ткаејќи приказни и исцртувајќи ликови кои долго потоа ги паметиме.  Што е она што ја води низ животот, кои се нејзините стремежи и принципи-водилки кои оставаат неизбришлива трага во нејзините дела? Јагода Михајловска-Георгиева, добитничка на наградата „Роман на годината“, одговара на Прустовиот прашалник. 

»
Прустов прашалник со Винка Саздова 26.6.14

Понекогаш може да зборуваме многу, а да не кажеме ништо. Некогаш пак, ни се потребни малку зборови за да откриеме многу. Кратко, содржајно, со одбрани зборови, авторката Винка Саздова се открива себеси низ прашањата од Прустовиот прашалник.

»
Почнува традиционалниот Летен фестивал на книгата 20.6.14

Го прогласуваме летото за отворено! А нема подобар начин да ја почеме летната сезона отколку со стартување на Летниот фестивал на книгата. Традиционално, и оваа година, од 20 јуни до 20 август, знаете што да очекувате – изгор жешки попусти до 70%, мнооогу нови наслови, куп бестелери и плус – Куба Либре книжарница под ведро небо!

»
Прустов прашалник со Коста Петров 19.6.14

Четврток е! Тоа значи дека денеска ги објавуваме одговорите на КОСТА ПЕТРОВ. Прашањата се познати, одговорите со нетрпение очекуваме да ги откриеме. Клик на линкот и видете какви мисли го обземаат и што му се мотка низ главата на еден од нашите најнесекојдневни автори.

»