Актуелности

15 ГОДИНИ ЉУБОВ НА ПРВА СТРАНИЦА 17.11.14

Сите големи нешта започнуваат со мали потфати. Најпрво срамежливо, помалку несигурно, малку налудничаво, многу неизвесно... Но со само едно нешто сигурно – одлучноста! Одлучноста  да се тргне и да се изоди патот до крај, да се започне авантурата, да се прифатат предизвиците, да се живее идејата. 

»
Прустов прашалник со Катица Ќулафкова 02.10.14

Преточувајќи ги на хартија скриените чувства, катадневните размисли, сознанија и чувствувања за светот и животот, сублимирајќи ги во неповторлив поетски израз, Катица Ќулавкова неуморно го гради својот поетски свет. Овој пат ги пакува во малку поинаков формат одговарајќи на добро познатите 23 прашања од Прустовиот прашалник. 

»
Детски креативен ден! Ја развиваме креативноста, учиме низ игра и забавa 30.9.14

Мамички, татковци, теткички и тетковци! Дојдете со своите најмили и најмалечки, на 4 октомври (сабота) од 13 часот, пред Книжарница ТРИ, ГТЦ и ајде да учиме низ забава! Цртање, боење, учење и смеење, лудории со Марко Новески и многу изненадувања. Да ја поттикнеме креативноста, да ги разбудиме малите генијалци во нашите најсакани! 

»
Промоција на третата книга на Коста Петров, „Нашето последно кафе“ 24.9.14

По незапаметениот успех на „Се гледаме на врвот“ и „Стравот“, кои досега се продадоа во над 8000 примероци и кои и понатаму се на врвот на топ-листата на најпродавани книги во Македонија, Коста Петров ја објавува својата трета книга. „Нашето последно кафе“ ќе биде претставена пред публиката на 24-ти септември, од 19 часот, пред Книжарницата ТРИ во ГТЦ.

»
ТРИ ви претставува уште еден нов глас на македонската книжевна сцена! 15.9.14

Впечатокот за „Урбани херои“, првенецот на Драган Таневски, е повеќе од одличен. Свеж, нов, поинаков, модерен и урбан. Преку раскажувањето на навидум неповрзани приказни и фрагменти од урбаното живеење, парчињата животни стории полека се испреплетуваат во неочекувана целина.

»